×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба „Византиски и поствизантиски сакрални споменици во Кумановско“

    02.09.2019 08:45 | KumanovoNews

    Во Уметничката галерија во Куманово, во четврток ќе се отвори изложбата „Византиски и поствизантиски сакрални споменици во Кумановско“ од авторот Славица Крстиќ.

    Изложба „Византиски и поствизантиски сакрални споменици во Кумановско“

    На изложбата ќе бидат прикажани сакралните споменици, односно сите цркви и манастири од византискиот и османлискиот (Поствизантиски) период, како и две џамии од османлискиот период.

    „Главни претставници од Византискиот период се црквите „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане од 11 и 14 век и манастирот „Матејче“, изграден во 14 век. Од османлискиот период ќе бидат прикажани повеќе селски цркви, од околината на Куманово, со видливи  исламски влијанија од 16 и 17 век. Главни  претставници од  овој период се: „Св. Ѓорѓи Победоносец“  и „Св. Петка“ во Младо Нагоричанe, манастирот „Карпино“ (1592)  и „Двојна црква“ во Сув Орах, „Св. Никола“ во Стрезовце, „Св. Ѓорѓи“ во Жегљане, „Св. Никола“ во Бељаковце, „Св. Параскева“ во Мургс, „Св. Дух“ во Добрача, „Св.Петка“ во Пезово и „Св.Спас“ во Довезенце, - изјави Крстиќ, советник историчар на уметност во НУ Музеј-Куманово, која истражувањата ги врши од 2004 година.

    Изложбата ќе биде надополнета и со цртежи од значајни композиции од фреско-сликарството, како и од рабеските на џамиите и фреско-копии од Старонагоричкиот храм, позајмени од Музејот на Република Северна Македонија.

    „За џамиите „Татар Синан бег“ во Куманово„ и  „Коџа Мехмед Беј“ во Табановце (од 16 век), како и за 15 други црковни градби, ќе бидат изработени колор фотографии, од област на архитектура и фрескосликарство. Фотографиите ќе бидат прикажани на фото постери, со димензии 70x100 цм“, - додава авторката.

    Изложбата е проект на општината Куманово, од програмата 500 години Куманово, а ќе биде финансирана од градоначалникот и Советот на Општина Куманово.