×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ја поплавил продавницата на соседката

    08.07.2010 14:43 | KumanovoNews

     С. В. (48) од Куманово вчера ја наполнил со вода продавницата на своите соседи „Мартин 85„ на улицата „Страшко Симоновски„, затоа што му сметале камионите што донесувале стока во дуќанот.

    Ја поплавил продавницата на соседката

     Инцидентот се случил околу 9 часот наутро кога во продавницата била една од вработените и видела во дуќанот вода.

     Дупката ја ископал од својата гаража и го провлекол цревото. Водата почна да тече по ѕидот и ги зафати полиците со производи и фрижидерот. Во прв момент не се снајдовме и водата се разлеа низ целиот објект. Потоа донесовме кофа и ја ставивме под цревото, по што ја расипувавме надвор-велат од семејството.

    Кога дошла полицијата и инспекторите почнале да прават записник насилникот се расправал со нив и ги омаловажувал, а потоа од раце им го отргнал и скинал записникот. Поради тоа бил приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Сопствениците на продавницата кажуваат  дека и порано имале проблеми со насилникот, прв сосед.