×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јануарските сметки за струја превисоки

    10.02.2015 15:13 | KumanovoNews

     И граѓаните на Куманово се жалат дека сметките за струја за јануари се многу повисоки од оние што биле во предходниот месец.

    Јануарските сметки за струја превисоки

     Потрошувачите тврдат дека сметките пораснале од 50 до 100 одсто, иако немале зголемена потрошувачка на електрична енергија.

    “ Многу луѓе се жалат дека им стигнале високи сметки. Мојот сосед доби 11.000 денари, а досега не плаќал повеќе од 5000 денари. Не знам зошто е така, дали не се читани струјомерите или од ракав е пишувано. Но како и да е многу е“, - вели Стојче Симоновиќ, кој го затекнавме пред зградата на ЕВН.

     Анализирајќи ги повисоките сметките, граѓаните воочиле дека една од причините е пресметката за повеќе денови од колку што има месецот јануари.

    Во сметката за јануари имам пресметано потрошена струја за 39 дена, а во декември за 26 дена. Веројатно тука е разликата во цената. Минатиот месец платив 5.700, а сега скоро 9 илјади денари. Сепак треба да се води сметка колку дена имам месецот, не земам јас плата за 40 дена, туку за 30. Каде да најдам пари за толкава сметка, затоа ќе поднесам приговор, - се жали друг граѓанин.

     Од ЕВН Македонија објаснуваат дека повеќе пати годишно се читаат струјомерите, иако дистрибутерот е обврзан еднаш годишно да го прави тоа.

    “ Од ЕВН Македонија ги упатуваат граѓаните ако во одреден случај сметаат  дека потрошиле помалку или повеќе енергија, да побараат корегирање на сметката. Ниту еден корисник нема да биде оштетен и секој ќе плати онолку колку што потрошил“ - кажа Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.

    Ако од било кои причини инкасаторот не може за изврши читање на броилото, во тој случај стигнуваат паушални сметки.