×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јавниот оглас е транспарентен и не е за партиски кадри, тврди Алексовска

    12.07.2017 14:17 | KumanovoNews

    Секретарот на Општина Куманово Валентина Алексовска, тврди дека јавниот оглас за прием на 34 нови вработувања во локалната администрација е транспарентен и не е за партиски кадри, а на него можат да се јават сите граѓани кои се заинтересирани и ги исполнуваат условите од конкурсот, по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека новите вработувања во општината Куманово се по партиска мерка.

    Јавниот оглас е транспарентен и не е за партиски кадри, тврди Алексовска

    Алексовска на денешната прес-конференција објасни дека вработувања се неопходни поради зголемениот обемот на работа на локалната администрација по пренесените надлежности од централно на локално ниво, а и со новиот закон за вработување и новата методологија мора да има рамноправна застапеност на сите етнички заедници во општината. Таа смета дека политиките и законите на досегашната власт направиле големи проблеми од кои последиците ќе се чувствуваат уште долго.

     „А тоа е поради новите закони донесени во брза постапка, клиентелистички само за остварување на своите лични интереси. Ги пренесовте надлежностите на општината уште во 2005 година, сите обврски ги наметнавте на општините, но притоа не обезбедивте финсиски средства. Општина Куманово работи согласно законите. За сите обврски кои треба да се испочитуваат и да се реализираат за да се задоволат потребите на граѓаните, потребни се човечки ресурси. Општина Куманово има 200 вработени. Стапи на сила законот за вработување, но неможеше да се примени последните две години токму заради немањето методологија и затоа сега се реализираат сите вработувања, - изјави Алексовска.

    Огласот за нови 34 вработувања во општина Куманово објавен е денеска во весникот Нова Македонија.