×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Јовка кумановка“ подарок од „Екстра меин“ за 500 години Куманово

    08.10.2019 07:59 | KumanovoNews

    Старата македонска песна „ Прошета се Јовка кумановка“, во преработка на групата „Некст тајм“ е подарок на градот од компанијата „Екстра меин“, по повод големиот јубилеј.

    „Јовка кумановка“ подарок од „Екстра меин“ за 500 години Куманово

      Од компанијата решиле да инвестираат во овој проект заради  афирмација и зачувување на македонските традиционални културни вредности и очекуваат дека оваа песна во иднина ќе стане химна на градот, без која нема да помине ни еден културен настан или прослава.

    Градоначалникот Максим Димитриевски, вели дека преработката на позната кумановска песна била предвидена во годишната програма за прославата на Ноемвриски денови, а соработката со приватната компанија се наметнала подоцна.

    „Ние имавме планирани буџетски средства за таа намена, но за наша среќа се јави фирма, којашто го уплати целиот износ. Компанијата оваа година прославува 25 години успешно стопанисување, поради што овој проект е подарок на градот и граѓаните за 5 века Куманово“, - изјави Димитриевски.

    Промоцијата на песната и видео спотот на „Некст тајм“ ќе биде во петок на празникот 11 Октомври, во големата сала на Центарот на култура.

    Новото музичко видување на приказната за „Јовка кумановка“, ќе биде во ново и поинакво руво. Арнажманот е на Николче Мицевски, а филмска визуелизација на видеоспот во режија на Огнен Шапковски.

    Прошета се Јовка Кумановска

    Прошета се Јовка кумановка,
    горе доле Јовка низ тој поље,
    низ тој поље кумановско.

    Загубила Јовка колан гердан,
    по њум иде Љатиф ага.

    Не шетај се Јовке кумановке,
    горе доле низ тој поље кумановско.

    Ќе те земам Јовке ја за жена,
    ќе те правам Јовке бела була,
    бела була Љатифова.

    Не се турчам јас Љатиф, не се грчам
    и јас си имам Љатиф мерак по друг,
    мерак по друг Костадина.