500x100-1
23. 07. 2019 11:14

Jубилејно издание на изложбата „Скулптури на новото време“

Jубилејно издание на изложбата „Скулптури на новото време“

 Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“-Куманово, во петок во 20 часот ќе биде отворено десеттото јубилејно издание на изложбата на скулптури насловена како „Скулптури на новото време на 2019“.

На изложбата ќе учествуваат 22 уметници од нашата земја: Владимир Величковски, Симеон Арнаудов, Јордан Јанев, Предраг Јаневски, Јадранка Урдаревска, Виктор Лазароски, Соња Поповска – Трајковска, Емил Солески, Никола Смилков, Александар Наумоски, Илко Стојановски, Горан Ѓорев, Андреј Митевски, Ангел Коруновски, Влатко Зафирковски–Свире, Перо Кованцалиев, Марјан Стојаноски, Маја Танева, Александар Јанев, Методи Исков, Филип Перески, Давид Атанасоски, а ќе бидат претставени 26 скултури направени од различни материјали и техники.

„Скулптури на новото време 2019“ ја сублимира севкупната идеја на оваа изложба во која се` е дозволено во поглед на користење на различни материјали и во однос на пристапот кој варира од класичното разбирање на улогата на скулптурата во просторот до концептуалниот приод со употреба на ready-made материјали, па дури и некои обиди за комбинација со технологијата за изработка на кинетичка технологија. Ако кон ова се додаде и возраста на авторите којашто варира од најстарите до најмладите генерации и соочувањето на повеќе академски скулпторски школи на едно место, добиваме една збирка на дела вредна за почит и внимание, многу ретка на овие македонски изложбени простори. Се надевам дека овие констатации ќе бидат препознаени и од пошироката публика и ликовна стручна јавност, ако не повеќе барем како едно сведоштво за моменталната состојба на македонската скулпторска сцена“- вели Роберт Цветановски, историчар на уметноста.

(Ф.М)