×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кампања „Летувај, не летај“ за поголема безбедност на патиштата

    19.07.2018 10:51 | KumanovoNews

    Од граничниот пeрмин Табановце, МВР во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата(РСБСП), денеска ја започнаа кампања „Летувај, не летај“, со цел да се зголеми безбедност во сообраќајот и да се намалат сообраќајните несреќи во периодот од летните одмори.

    Кампања „Летувај, не летај“ за поголема безбедност на патиштата

    На почетокот на кампањата присуствуваше и министерот Оливер Спасовски, кој делеше флаери на возачите.

    „Сите заедно мора да придонесеме за ред во сообраќајот, да се почитуваат сообраќајните правила и со тоа да придонесеме за намалување на бројот на сообраќајни несреќи и намалување на бројот на жртви. Затоа ги повикувам сите граѓани на Република Македонија и оние коишто транзитираат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да мислат на своите семјства и на своите деца, и навистина да уживаат во летувањето, а не да летаат по патиштата“, - рече министерот Спасовски.

    Минатогодишната статистика за јули и август покажува дека во Република Македонија се случиле 39 сообраќајни незгоди со жртви, во кои загинале вкупно 47 лица, а во 826 сообраќајни незгоди со потешки последици, повредени биле  вкупно 1333 лица.

    Едукативните материјали се изготвени и на англиски јазик, со цел покрај домашните возачи да бидат опфатени и туристите, како и возачите кои транзитираат низ Македонија.

    Притоа покрај посебни пунктови на граничните премини при влез во земјава, каде што ќе се врши дистрибуција на едукативно-информативните материјали, ќе биде поставено оштетено возило од сообраќајни незгоди на повеќе јавни места со пораки за потсетување на последиците од сообраќајните незгоди. Ќе бидат организирани мобилни пунктови за делење на едукативни материјали долж коридорите 8 и 10, а  ќе бидат организирани и едукативни акции и по угостителски објекти и многу други активности во насока на подигање на свеста за побезбеден сообраќај.