×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кампања за избор на нови 12 локации за консолидација на земјоделско земјиште

    07.03.2019 14:46 | KumanovoNews

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Куманово присуствуваше на Регионалната работилница за подигнување на свеста за консолидација на земјоделското земјиште.

    Кампања за избор на нови 12 локации за консолидација на земјоделско земјиште

    Согласно Националната стратегија за консолидација на земјоделското земјиште 2012-2020 година, Министерството спроведува активни национални политики за консолидација на раситнетите земјишни парцели во Република Северна Македонија.

    „Ако сакаме да зборуваме за модерно и конкурентно земјоделство, окрупнувањето, консолидацијата се неопходни постапки. Оваа година треба да направиме избор на 12 нови подрачја кадешто е потребно и е можно да се реализираат постапките за консолидација на земјиштето“, посочи министерот Николовски.

    Малите и раситнети парцели резултираат со ограничен обем на производство, зголемени транспортни и производствени трошоци и неможност за примена на современа технологија и развојни инвестициони планови. Поради неисплатливоста, малите и раситнети парцели неретко остануваат необработени.  Со консолидацијата на земјоделското земјиште ќе се овозможи секое земјоделско стопанство да поседува земјиште на поголема парцела, со правилна форма, наспроти малите парцели на различни локации. Тоа ќе придонесе за намалување на  трошоците за обработка на земјоделското земјиште, ќе ја зголеми продуктивноста и конкурентноста на земјоделското производство, можностите за примена на модерни производствени методи и технологии, како и можностите за изградба на нова или подобрување на постоечката земјоделска инфраструктура.

    Денешната работилница во Куманово е дел на овогодинешната кампања за консолидација на земјоделско земјиште која ќе трае во наредните два месеци. Главната цел на работилницата е да се подигне локалната свест и разбирање за придобивките од консолидацијата на земјоделското земјиште. На работилницата присуствуваа земјоделци, сопственици на земјиште, земјоделски организации, претставници на села и локални самоуправи, геодетски фирми, претставници од МЗШВ и АПРЗ, како и други важни локални чинители од Североисточниот регион.

    Минатата година во рамките на проектот МАИНЛАНД, Министерството заедно со ФАО ги идентификуваше првите 12 подрачја во државата со највисок потенцијал и интерес за консолидација на земјоделско земјиште. Сега за нив во тек е изработка на физибилити студии за изводливост како основа за определување на идните консолидациони проекти. Наодите од првите пет физибилити студии - за подрачјата Царев Двор, Логоварди, Оптичари, Соколарци и Спанчево се очекуваат во март 2019 година. Оваа година, заедно со ФАО ја започнуваме новата кампањата, оваа е втора, во Прилеп беше првата работилница, на 12 март сме во Струмица.