×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Kампањата „Да ги вратиме тротоарите на пешаците“ не даде резултати

    21.02.2019 13:48 | KumanovoNews

    Кампањата „Да ги вратиме тротоарите на пешаците“ што локалната самоуправа во соработка со СВР Куманово и ЈП „Куманово-паркинг“, ја започна во април минатата година, заради подигање на сообраќајната култура и свеста на сите учесници во сообраќајот, како и за ослободување на тротоарите од неправилно паркираните автомобили, не ги даде очекуваните резултати.

    Kампањата „Да ги вратиме тротоарите на пешаците“ не даде резултати

    Не треба да сте стручњак ниту пак некој да ве убедува во спротивното, доволно е само да излезете на улица да видите дека ништо не е сменето во однос на предходните години. И денеска сите тротоари кои не се оградени и секоја слободна површина во градот е зафатена од автомобили, додека пешаците се движат по улица.

    „Не само што не се ослободени, туку уште повеќе се узурпирани. На секој тротоар има паркирани коли, а има пракса да се поставуваат камења, да ги заградуваат тротоарите, да поставуваат синџири, па дури ставаат и чувари на паркинг. Сето тоа го попречува нормалното движење на пешаците, мајките со колички, а да не зборуваме за лицата со хендикеп кои исто тка користат количка. Јас повеќепати сум го поставувал ова прашање на градоначалникот, но тој дава само празни ветувања и најави на кампањи без видливи резултати,- изјави советникот Драган Петковски од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Сметам дека кампањата делумно ги даде резултатите. Има некое поместување, но тоа не е доволно. Каде што се поставени препреки тротоарите се слободни, меѓутоа каде што нема се е исто.  Треба уште многу да се работи пред се за подигање на свеста и сообраќајната култура на возачите, но и во работата на сообраќајната полиција. Граѓаните треба да сфатат дека треба помалку да ги користат возилата, а тогаш и нема да е толкава гужва и тротоарите ќе се слободни за пешаците, - изјави советникот Томица Илиќ од СДСМ.

    Граѓаните се едногласни дека локалната самоуправа заедно со останатите надлежни институции треба под итно да го реши проблемот. Не треба да остане само на предупредување и молење на несовесните возачи да се почитува законот. Само со строги и не селективни санкции ќе се воведе ред во сообраќајот.

    Кога започна кампањата „Да ги вратиме тротоарите на пешаците“ градоначалникот преку медиумите ги повика несовесните возачи да отстапат простор за непречено движење на пешаците.

     „Имаме за цел во следниот период да се посветиме на едукација на сите несовесни возачи во нашиот град и да упатиме една јасна порака дека тротоaрите се сообраќајни површини кои се наменети исклучиво за пешаците. Сите наши граѓани имаат право слободно да се движат по сообраќајните површини“,- изјави тогаш Максим Димитриевски.

    Отстранувањето на непрописно паркираните возила требаше да започне од централното градско подрачје и најфрекфентните делови на градот на улиците: „11 Октомври“,„Гоце Делчев“,Зелениот пазар, а да продолжи на „Трета МУБ“, „Октомвриска револуција“ и на останатите улици, но засега без успех.

    На 27.04.2018 година помпезно се промовираше кампањата, со која требаше да се воведе ред со паркирањето во градот