×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Kампањата на ВМРО-ДПМНЕ „Разговори за обнова на Македонија“ утре во Куманово

    01.11.2019 12:51 | KumanovoNews

     Раководството на ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот Христијан Мицковски,  утре од 12.30 до 14.30 часот, на Градскиот плоштад во Куманово, ќе има средба со граѓаните во склоп на кампањата „Разговори за обнова на Македонија“, најави денеска на прес-конференцијата Бране Петрушевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

    Kампањата на ВМРО-ДПМНЕ „Разговори за обнова на Македонија“ утре во Куманово

    Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, велат дека се свесни дека Македонија и Куманово се на погрешен пат и дека секој изминат ден значи нови проблеми, осиромашувања, нов удар врз достоинството на нацијата и земјата, па затоа преку оваа кампања сакаат да ги сослушаат проблемите и потребите на народот, кои подоцна ќе бидат преточени во програмски решенија.

    „Неправдата е знак на оваа власт, неработата е нивна одлика, а неспособноста е нивен карактер. ВМРО-ДПМНЕ ја разбира вашата разочараност и револт поради сиромаштијата, неправдите кои стегаат, ударите врз достоинството и бесценетите работи кои власта ги распродава. ВМРО-ДПМНЕ е свесно за апатијата поради урнисаното земјоделие, несправувањето со заградувањето, иселувањето на младите, криминалот и корупцијата и ударот врз бизнисот“,-изјави на прес-конференцијата Петрушевски.

    Тој додаде дека е време сите да се зафатат со работа, затоа што економијата тоне, а владеењето на правото кај СДСМ е на последно место. Затоа ги повика граѓаните да дојдат и да ги кажат своите потреби и проблеми.