500x100-1
25. 10. 2010 13:59

Касарната во Куманово стана индустриска зона

Касарната во Куманово стана индустриска зона

Со изнемите на урбанистичкиот план поранешната касарната „Кристијан Тодоровски Карпош„ во кумановската населба Бедиње стана индустриска зона.

Советот на Општината Куманово го изгласа планот за пренамена на објектите и хангарите од касарната за потребите на јавните претпријатија, стопанството, образованието и изградба на социјални станови.

Комлексот е со површина од 28,5 хектари и дел веќе се користи од средните училишта на албански јазик. Во еден дел ќе бидат сместени стопански објекти и социјалните станови, а останатото ќе биде за потребите на локална самоуправа. Тука Општината ќе ги пресели своите служби како што е јавното претпријатие „Чистота и зеленило„,Територијалната противпожарна единица и планира да направи инкубатор за мали претпријатија. Од Министерството за труд и социјалната политика има доставено барање за изградба на два стамбени објекта социјални станови - вели Лидија Ланг Спасовска, раководител во секторот за урбанизам во Општината Куманово.

Согласно Законот локалната самоуправа треба да достави изводи од деталните урбанистички планови до Министерството за транспорт и врски за тие понатаму да ја проследат целокупната процедура за јавната лицитација и надавањето на понудените парцели и објекти за започнување на стопанските објекти во новата индустиска зона. Кога беше проморвирана зоната пред неколку години имаше најава дека постојат повеќе познати фирми за отварање на фабрики.