×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Казнети тројца полицајци од Куманово

    22.01.2011 13:23 | KumanovoNews

    Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 3 решенија против тројца вработени во СВР Куманово поради сторени повреди во работењето, согласно Колективниот договор на МВР.

    Казнети тројца полицајци од Куманово

     На двајца вработен изречена им е мерка парична казна, на еден вработен  добил  отказ.

    Џ.Н., водич на патролен тим во Полициска станица за обезбедување на државната граница Пелинце во Регионалниот Центар Север, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец.Полицаецот бил фатен како спие на работа.

      С.С.,  референт за моторни возила  во Одделение за управни работи во Секторот за внатрешни работи Куманово, изречена и е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од еден месец. Службеничката не ги извршила работните задачи совесно и навремено.

    З.С., водич на патролен тим во Полициска станица за обезбедување на државната граница Пелинце, изречена му е мерка „отказ“. Полицаецот неоправдано изостанал од работа три последователни дена.