×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кинеската Нова година- Празникот на пролетта се одбележа во Куманово

    12.02.2018 19:47 | KumanovoNews

    Кинеската Нова година или Празникот на пролетта беше одбележана во Куманово, во организација на Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка (ДМКПС).

    Кинеската Нова година- Празникот на пролетта се одбележа во Куманово

    Манифестацијата се одржа во Занаетчискиот дом со богата културно-уметничка програма, а привлече голем број на посетители. Присутните ги поздрави директорот на Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка, Љупчо Маленков, кој го објасни значењето на празникот.

    „ Времето според кинескиот календар се смета во циклус од по 12 години и секоја година носи име на едно животно. Според легендата, Буда пред да замине од земјата ги викнал сите животни за да се прости од нив. Само 12 животни дошле да го поздрават, а тој како награда им посветил по една година. Првата година ја нарекол по стаорецот, кој прв дошол, втората по волот, а потоа следуваат тигарот, зајакот, змејот, змијата, коњот, козата, мајмунот, петелот, кучето и свињата, - раскажа Маленков.

    Со кинеската Нова година се прославува крајот на зимата и почетокот на пролетта и почнува на првото раѓање на младата месечина. Секоја година се слави на разични датуми во период од 21 јануари до 21 февруари. Новогодишните празнувањата траат 15 дена и завршуваат со Фестивалот на лампионите. Нова година е еден од најзначајните празници во Кина.

    Ова година е во знакот на кучето и се прославува 4715 година.

    Друштвото на македонско-кинеското пријателство постои 25 години и во име на кинескиот народ, Маленков ја честиташе Новата година на сите македонски граѓани.

    Градоначалник Максим Димитриевски изрази задоволство што токму Куманово  е домаќин на прославата со која се потврдува космполитскиот дух на градот.

    На свеченоста зборуваше и Жико Крстевски, претседател на Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка во Куманово, кое постои 12 години.