×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Клубови и спонзори ја платиле апликацијата за Град на спортот, тврдат од Општината

    28.02.2019 15:43 | KumanovoNews

    Општина Куманово тврди дека не уплатила 10.000 евра за апликацијата за Европски град на спортот, како што беше наведено во извештајот на Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции.

    Клубови и спонзори ја платиле апликацијата за Град на спортот, тврдат од Општината

    Информацијата што беше изнесена на вчерашната седница била неточна и нецелосна, велат од локалната самоуправа.

    „Станува збор за апликација која е на иницијатива на Кошаркарскиот клуб Куманово, Боксерски клуб Куманово и Женски ракометен клуб Куманово. Финансиските средства за самата апликација се уплатени од страна иницијаторите, спонзорите и донаторите. Општината според апликацијата нема обврска да финансира каква било активност од овој проект“- стои во соопштението на Општина Куманово.

    Информацијата дека Општина Куманово учествувала со финансиски средства при аплицирањето на Европски град на спортот за 2019 година беше обелоденета вчера на Седница на Совет. Во делот на реализираните активности на Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции стои:

    „Водејќи се по правилникот на апликација, трошоците за апликацијата беа финансирани дел од Општината, дел од спонзорите во вкупен износ од 10.000 евра“.

    Врз основа на оваа информација советничката на ВМРО-ДПМНЕ Анета Шандева побара одговор колку средства од Буџетот на Општината се издвоени за таа намена, но и беше речено дека одговорот ќе го добие по писмен пат.

    Подетални информации за апликацијата Куманово Град на спорт за 2019 Општината најавува за утре на прес конференција.

    Куманово беше прогласено за Европски град на спортот за 2019 година на 21 ноември минатата година, во категоријата средни градови од 25.000 до 500.000 жители. За оваа апликација немало други заинтересирани. Доделувањето на повелбата беше на 4 декември лани во Европскиот парламент во Брисел.