×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кои се осумте најголеми потрошувачи на буџетот за 2018 година?

    25.12.2018 10:01 | KumanovoNews

    Вкупните расходи на буџетот во првите десет месеци од 2018 година изнесуваа 159,6 милијарди денари, односно 24,3 отсто од БДП, што е за 1,3 отсто повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Министерството за финансии.

    Кои се осумте најголеми потрошувачи на буџетот за 2018 година?

    Во продолжение е даден осврт на буџетските расходи за најголемите буџетски корисници, чиј вкупен годишен буџет изнесува 88 отсто од вкупниот буџет на сите буџетски корисници, пренесува порталот МЕТА.мк.

    Преку разделот Министерство за финансии – функции на држава реализирани се 36,9 милијарди денари денари, што претставува 78,1 отсто од годишниот буџет. Најголем дел од расходите или 69,5 отсто отпаѓаат на отплата на главнина, за што во периодот јануари – октомври 2018 година потрошени се 25,6 милијарди денари, односно 90,8 отсто од средствата планирани за оваа намена во 2018 година.

    Министерството за труд и социјална политика во периодот јануари – октомври 2018 година реализираше 36,1 милијарди денари или 82,9 отсто од вкупниот буџет за 2018 година. Притоа, најголем дел (73,1 отсто) од расходите во овој период се наменети за тековни трансфери до вонбуџетските фондови, за што се потрошени 26,4 милијарди денари или 83,1 отсто од средствата наменети за 2018 година.

    Министерството за образование и наука во периодот јануари – октомври 2018 година изврши буџетски средства во износ од 17,7 милијарди денари, што е 73 отсто од вкупниот буџет за 2018 година. Најголем дел од расходите (63,9 отсто) претставуваат тековни трансфери до ЕЛС, за што се потрошени 11,3 милијарди денари или 82,1 отсто од вкупно планираните средства. Плати и надоместоци се втора најзначајна ставка со учество од 15,6%, за што се потрошени 2,7 милијарди денари.

    Во периодот јануари – октомври 2018 година од страна на Министерството за внатрешни работи реализирани се вкупно 8,4 милијарди денари, што претставува 81,8 отсто од сопствениот буџет за 2018 година. Најзначајна расходна ставка претставуваат плати и надоместоци со учество од 71,8 отсто, за што се потрошени 6 милијарди денари или 82,4 отсто од планираното. Втора најзначајна ставка се стоки и услуги со учество од 15,9 отсто, за што се реализирани 1,3 милијарди.

    Во првите десет месеци од 2018 година, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) реализираше средства во износ од 7,1 милијарди денари, што претставува 83,4 отсто од планираните средства за тековната година. Најзначајна расходна ставка претставува субвенции и трансфери (со учество од 91,5 отсто), за што во анализираниот период се извршени 6,5 милијарди денари.

    Министерството за одбрана во периодот јануари – октомври 2018 година изврши буџетски средства во износ од 4,8 милијарди денари, што е 78,5 отсто од вкупниот буџет за 2018 година. Платите и надоместоците имаат најголемо учество со 63,2 отсто, за што во првите десет месеци реализирани се околу 3 милијарди денари.

    Министерството за здравство во првите десет месеци од годината реализираше буџетски средства во износ од 4,6 милијарди денари, што е 75,2 отсто од вкупниот буџет за 2018 година.

    За финансирање на дејностите од областа на културата во периодот јануари – октомври 2018 година извршени се средства во износ од 2,5 милијарди денари, што е 69,1 отсто од вкупниот буџет за 2018 година. Субвенциите и трансферите имаат највисоко учество во вкупните расходи со 34,5 отсто, а нивната реализација во првите десет месеци изнесува 66,9 отсто, односно извршени се 879 милиони денари.