×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кокино чека за листата на УНЕСКО

    17.02.2010 14:27 | KumanovoNews

     Министерството за култура аплицираше мегалитската опсерваторија Кокино да се стави на приоритетната листа на УНЕСКО, како споменик на културата од светско значење.

    Кокино чека за листата на УНЕСКО

     Направен е елаборат за значењето и важноста на Кокино, а експерти од странство ќе престојуваат на терен за да утврдат фактичката состојба. Моментално локалитетот се наоѓа на листата на чекање", заедно со останатите предлози за споменици од светско значење.

      -За таа цел мегалитската опсерваторија Кокино е прогласена за културно наследство од исклучително значење. Кога ќе се запишеме на листата на УНЕСКО, тоа ќе значи голема придобивка за нас како држава.Повеќе средства, повеќе проекти ќе бидат одобрени од странските донаторски организации кои ја подржуваат културата- истакна арехологот Јовица Станковски, директор на кумановксиоот музеј. 

    Оваа година Кокино влегува во големите проекти за истражување кои ќе ги финасира Владата.Ќе бидат обезбедени средства за едно поголемо археолошко и астрономско истражување.

    -Од месец април одмие на терен, каде ќе престојуваат и архолеози од странство, студенти, професори. Три месеци ќе трае проектот И се надевам дека ќе даде солидини резулатати - додава Станковски.

    Од кумановскиот музеј велат дека и локланата самоупрва треба да се вклучи во проектот за уредување на локлаитетот Кокино. Неопходна е инфраструктура околку локалитетот. Продавница за сувенири, ресторант или мотел каде ќе може гостите да престојуваат за време на посетата на овој важен архелошки комплекс.