×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Кокино-македонски бренд„ прогласен за музејски проект на годината

    21.05.2018 08:48 | KumanovoNews

    Меѓународниот проект на НУ Музеј Куманово, насловен „Кокино македонски бренд“ чиј раководител беше нашиот археолог Дејан Ѓорѓиевски, ја доби наградата за најдобар музејски проект за 2017 година, од страна на ICOM (International Council of Museums) Македонија.

    „Кокино-македонски бренд„ прогласен за музејски проект на годината

    „Оваа награда нашиот музеј ја подели со Националната Галерија на Македонија со проектот „Петар Мазев, 90 години од раѓање“ и претставува највисоко признание од областа на музеологијата во Македонија. Проектот содржи две компоненти - едната беше одржаната изложба „Кокино-наоди од археолошките истражувања“, а втората беше меѓународната конференција „Кокино-Дар за боговите“ одржана во октомври 2018 година. И двата настани имаа меѓународно значење и претставуваа значаен импулс како за афирмација на локалитетот Кокино, така и за македонската археологија воопшто. Настаните беа придружени со публикации, кои се достапни на нашата веб-страна (http://kumanovomuseum.com/publikacii/)“, - соопштуваат од Кумановскиот музеј.

    Наградата на претстевниците од Кумановскиот музеј им беше врачена во петок на Меѓународниот денот на музеите.