500x100-1
09. 02. 2010 12:11

Кокино под посебен третман на државата

Кокино под посебен третман на државата

Мегалитската опсерваторија Кокино е прогласена за културно наследство од исклучително значење. Министерството за култура  сака нашето културно наследство со  закон да го заштити, а воедно да го презентира и афирмира во светски рамки.

Во насока на дополнителна меѓународна валоризација на локалитетот Кокино, кој НАСА пред неколку години го вброи меѓу најстарите опсерватории во светот, Владата донесе одлука оваа споменична целина да добие меѓународно признат статус, односно да се обидеме да го впишеме на листата на светското наследство на УНЕСКО - рече министерката за култура Елизабета Милевска-Канческа.

Со ова трајно ќе се заштитат податоците на локалитетот кој е идентификуван како обреден простор од бронзено време и опсерваторија, засега единствена појава на Балканот, а реткост и во Европа. Истовремено ќе се спречи и негово уништување.

Со истиот  проект е заштитено и охридското културно наследство.