×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Коледарите го најавија утрешното рождение Христово

    06.01.2011 14:02 | KumanovoNews

    Со многу радост и веселба, со традиционалните  христијански обичаи и бадникарски ритуали, Здружението ,,Коледари‘‘ денес, по единаесетти пат, го прославија Бадник и го најавија утрешниот најголем христријански празник - раѓањето на Исус Христос - Божиќ.

    Коледарите го најавија утрешното рождение Христово

    Свечената бадникарска поворка од неколку стотини коледари, предводена од Кумот на годинашната прослава Момчило Цветковски - КОСИЉАК, членовите на здружението Коледари и свештеници на кумановската епархија, тргна од пред христијанскиот храм Свети Никола (Стара црква) во која претходно беше одржана пригодна божествена литургија и беа осветени коледарските реликвии. Во коледарската поворка што помина низ главните улици на градот, придружена со блех-музика, зурли и тапани, како и со ора и песни на КУД „Срма“, вообичаено внимание и љубопитност кај насобраните граѓани предизвика популарниот коледарски пајтон влечен од пригодно накитениот коњ.

    Почесно место во пајтонот имаше Кумот на коледарите кој, поздравуван од граѓаните по тротоарите им отпоздравуваше со фрлање метални пари и бонбони. Целата свечена процесија, како секоја година до сега, продолжи на платотото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ каде на коледарите на оро им се придружија насобраните граѓани .

    Сите христијански верници потоа од коледарите беа почесетени со традиционналната греена ракија и топол чај, а дома се разотидоа со по едно бадникарско дабово гранче со кое вечерва на Бадник ќе си ја закитат свечената домашна трпеза и во наредните два дена Божиќ.