20.
08.
2018 11:31
Комби удри двегодишно дете во Средорек

Двегодишно дете е тешко повредно на улица "Средорек", кога во него удрило комби "Волсваген", кое го управувал Д.С.(26) од Италија.
На детето му е укажана лекарска помош во Кумановската болница каде му биле констатирани тешки телесни повреди по што е препратена на лекување во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје.
Извршен е увид на местото на настанот.