×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Концерт на АнАнтонио пијано дует во Куманово

    29.10.2019 11:41 | KumanovoNews

    Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, денес во 20 часот, концерт ќе одржи пијано дуетот АНАнтонио.

    Концерт на АнАнтонио пијано дует во Куманово

    АнАнтонио пијано дует го сочинуваат: Ана Јосимовска Кањацо и Антонио Кањацо.

    Двајцата признаени музичари со македонско и италијанско потекло, живеат и творат во Љубљана, Словенија.  И двајцата пијанисти се валдорфски педагози и предаваат во Валдорфското музичко училиште во Љубљана.

    Добитници се на многу награди од меѓународни натпревари и настапувале со Македонска филхармонија, Словенска филхармонија, Оркестарот на музичката Академија од Пескара, Младинскиот оркестар од Мартиненго, оркестарот на меѓународниот фестивал во Chioggia, на  Коларац во Белград, во Народниот музеј во Софија, Театарот “Paisiello” во Лече,

    Имаат концертни предавања во организација на EPTA Словенија и Италија.

    Нивниот репертоар опсега дела за клавир соло, дует и за два клавира од Јохан Себастијан Бах до делата на Родион Шчедрин и Гиорги Куртаг.  Во 2014 година  издаваат прв компакт диск со наслов "Тарантела".