×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Концерт на Хари Мата Хари на градскиот плоштад во Куманово

    10.11.2018 07:45 | KumanovoNews

    Босанската поп ѕвезда Хари Варешановиќ и групата Хари Мата Хари, вечерва ќе одржат концерт на градскиот плоштад во Куманово. Концертот го организира Општината, по повод прославата на 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово.

    Концерт на Хари Мата Хари на градскиот плоштад во Куманово

    Според организаторите Фондацијата за спорт и култура, концертот ќе започне во 20.30 часот со локалните пејачи: Мартија Станојковиќ, Аулона Aјруалу и Бесим Мифтари, Марио Арангеловски, Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ.

    Потоа ќе следува настапот на звездата на вечерта Варешановиќ, а концертот ќе трае околу 2,5 часа.

    Синоќа на градскиот плоштад пееше доајенот на тамбурашката староградска музика Звонко Богдан, а предгрупи му беа Кумановски Тамбураши и Сандра Митковска.

    Општина Куманово оваа година организира два концерти на градскиот плоштад, во пресрет на Денот на Општината.