×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Концерт на пијано-дуо Гелебешеви во Куманово

    22.10.2018 06:19 | KumanovoNews

    Во малата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва во 20 часот концерт ќе одржи пијано-дуо Гелебешеви. Концертот е дел од годишната програма и е подржан од страна на Министерството за култура на Република Македонија.

    Концерт на пијано-дуо Гелебешеви во Куманово

    Пијано- дуото Гебелешеви го сочинуваат  Катерина Гелебешева Костадиновска и Глигор Гелебешев, коишто на музичката сцена опстојуваат повеќе од 17 години. Настапувале речиси во сите градови во Македонија, како и на најзначајните музички фестивали во земјава: Охридско лето, Интерфест-Битола, Хераклејски Вечери-Битола, ДММ-Скопје, Златна Лира-Скопје, културни лета во Прилеп, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Куманово..

    Со настапот на 21-06-2005 година (Светски Ден на Музиката),во Париз дуото ја започнува и својата меѓународна каријера. Следуваат настапи во: Полска, Романија, Бугарија, Холандија, Италија, Србија, Турција, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина…

    Својот прв носач на звук дуото го издава 2008 год. со дела од Б. Барток, Е. Шабрие, А. Хачатуријан, Ј. Дебиси и Ф. Шопен. Во 2011 година ја добива наградата Златна Лира од страна СМУМ (Сојуз на Музичките уметници на Македонија). Дуото во 2016 година го бележи и својот прв настап со македонската филхармонија изведувајќи го концертот за две пијана и оркестар од Ф. Пуланк.