500x100-1
02. 06. 2010 13:18

Контејнерите празни, ѓубрето на тротоар

Контејнерите празни, ѓубрето на тротоар

 Во центарот на градот пред Музичкото училиште „Панче Пешев„ за да се задоволат потребите на граѓаните и околните продавници поставени се три  контејнери за депонирање на смет.

 Но, наместо во контејнерите отпадот главно е расфрлан на тротоарот. Несовесните граѓани го истураат ѓубрето покрај празните контејнери. Сметот го разнесуваат животни, а поради високите температури претставува потенцијален извор на зараза за сите кои поминуваат покрај него.

Контејнерите празни, ѓубрето на тротоар