500x100-1
12. 06. 2019 15:01

Костовски реизбран за претседател на СДСМ Куманово

Костовски реизбран за претседател на СДСМ Куманово

Мартин Костовски е реизбран за претседател на општинската организација на СДСМ во Куманово, објавија од партијата.

 Започнатиот процес на промени во интерес на граѓаните, во интерес на иднината, продолжува. Како што најавивме, промените започнуваат одовде, од СДСМ, партијата предводник на Владата и парламентарното мнозинство, партијата предводник на напредокот на државата. Претседателот Зоран Заев, согласно неговите овластувања, назначи 30 претседатели на Општински организации на СДСМ, - соопштуваат од СДСМ.

Од таму додаваат дека станува збор за одговорни личности, чесни, способни, кои уживаат висок кредибилитет во местата во кои живеат.

 Во дел од општините каде што СДСМ забележа победа на последните избори реизбрани се претседателите на општинските организации. Во наредните неколку денови ќе бидат назначени претседатели и локални раководства и во преостанатите Општински организации а ќе се заокружат, со сигурност и промените во централното раководство на партијата, - стои во соопштението.

Во Куманово за највисоката општинска партиска функција имаше 7 кандидати.