×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Костурник и Воиновиќ официјално добија статус на села

    28.05.2015 09:54 | KumanovoNews

    Костурник и Воиновиќ, кои претходно беа маали во близина на село Табановце, на вчерашната седница на Советот на општина Куманово и официјално добија статус на села.

    Костурник и Воиновиќ официјално добија статус на села

    Со ова двете села ќе можат да се организираат во месни заедници и да ги решаваат своите проблеми.

    “Самите жители ќе можат да се организираат на ниво на месна самоуправа. Ќе можат да формираат месна заедница согласно Законот за локална самоуправа, да избираат свои претставници во месната самоуправа итн. Ќе иницираат решавање на некои проблеми според нивни видувања“ - вели Максим Димитриевски, претседател на Советот на општина Куманово.

    Костурник и Воиновиќ заедно имаат над 300 жители.