500x100-1
14. 12. 2010 12:03

Критиката помага

Критиката помага

 Надлежните ја затворија дупката и го поплочија тротоарот спроти Статер банка, по пишувањето на kumanovonews, дека поедини граѓани и фирми ги оставаат оштетени јавните површини , откако ќе ја завршат својата работа и ќе се приклучат на градската инфраструктура.

 Еден ден откако објавивте дека цела година стои прекопот, дојдоа работници и ја затворија дупката-велат вработените во околните дуќани.

Посочената дупка беше само една од многуте кои им создаваат проблеми на граѓаните при движењето. Општината најави дека ќе биде поригорозна кон оние што ги уништуваат улиците и тротоарите, бидејќи неможе постојано да интервенира и да поправа она што несовесните граѓани го уништуваат.


Критиката помага