500x100-1
09. 10. 2019 15:07

Кривична пријава против вработен во Водостопанство

Кривична пријава против вработен во Водостопанство

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(44) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, поранешен в.д. директор на АД „Водостопанство на РСМ“ во државна сопственост Скопје, подружница „Кумановско - Липковско поле“ - Куманово, за себе и за уште една вработена, во периодот од 2013 година до ноември 2017 година во неколку наврати ги покачил месечните примања за што го оштетил претпријатието за сума од 861.400 денари.

Пријавениот, исто така, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што вработената со спогодба била преземена од работно место инженер за одржување во сектор експлоатација и одржување и унапредена на работно место раководител на сектор за одржување, спротивно на правната регулатива и без распишување на оглас од страна на АД „Водостопанство“.