×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична пријава за цариник на Табановце

    07.11.2018 14:56 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.К.(47) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, казниво по член 353 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

    Кривична пријава за цариник на Табановце

    На 31.05.2018 година околу 22.00 часот на Граничен премин Табановце, пријавениот, како цариник во царинска испостава Табановце, извршил преглед над лицето А.С.(61) од Република Србија, кој пешки ја поминувал границата.

    Притоа, пријавениот му одзел два паричници (во едниот имало само српски динари, а во другиот само швајцарски франци) и без присуство на А.С. или друг цариник извршил проверка на паричниците во службена просторија и од едниот одзел 1.000 швајцарски франци. Потоа, С.К., без присуство на друг цариник, во службената просторија извршил преглед на А.С.. Откако не утврдил неправилности, без изготвен записник, го ослободил А.С. да ја напушти Македонија.  Кога пристигнал во Србија А.С. забележал дека му фалат 1.000 швајцарски франци. Повторно се вратил на граничниот премин Табановце и го известил пријавениот дека му фалат пари. Но, С.К. не го пријавил настанот, туку му наредил на А.С. да ја напушти државата.

      На 20.06.2018 година А.С. го пријавил настанот во СВР Куманово. По преземени мерки и по консултација со Јавен обвинител против С.К. била изготвена кривична пријава.