Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ш.А.(56) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и две лица од Скопје М.Ф.(31) и Ш.Ф.(54) од општина Сарај, под сомнение за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“.
M.Ф., во март 2019 година набавил 20.838 килограми јагоди спакувани во 3.532 колети, со непознато потекло и со сомнителен квалитет, за кои не постои никаков документ за нивната набавка. Тој, заедно со Ш.Ф., ја подготвиле целокупната документација за извоз на набавените јагоди. Ш.Ф. по овластување од М.Ф истиот ден, изготвил лажна изјава дека јагодите ги откупил од наши земјоделци и дека се со потекло од Р.С. Македонија и ја приложил кон Пријавата за добивање на Фитосанитарен сертификат за извоз на пратки .
Ваквата документација пријавените ја приложиле кај Ш.А., вработен во Државен инспекторат за земјоделство - Фитосанитарна инспекција, како фитосанитарен инспектор на ГП Табановце, кој на 02.04.2019 година ги злоупотребил службената положба и овластување на начин што со некомплетна документација, прифаќајќи ја само лажната изјава изготвена и доставена од М.Ф и Ш.Ф, изготвил, потпишал и заверил Фитосанитарен серификат, со кој одобрил извоз на јагоди во Р.Србија со непознато потекло и неутврден кавалитет.