500x100-1
18. 01. 2019 15:17

Кривична пријава за насилникот кој се обиде да обљуби жена

Кривична пријава за насилникот кој се обиде да обљуби жена

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Љ.М.(21) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз М.А.(35) од Куманово, но не успеал во тоа.

Нападот се случил на улицата „11 Ноември“ во Куманово, пред три месеци, околу 03.50 часот по полноќ, кога жената излегувала од дома, а во дворот физички ја нападнал насилникот и со закана со нож се обидел да ја обљуби. Жената почнала да бара помош, при што ја слушнал еден од соседите и притрчал да и помогне. Тогаш насилникот побегнал, а случајот е пријавен во полиција.