×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична за сопственичка и фирма во која загина градежен работник

    31.08.2018 12:46 | KumanovoNews

    Работникот работел на црно, a загина на почетокот на јуни на улицата „Никола Спасиќ” кога врз него паднала бетонска плоча

    Кривична за сопственичка и фирма во која загина градежен работник

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.П.(60) и З.П.(55), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела предизвикување опасност при градежни работи и повреда на правата од работен однос и против ДУТП „Вис Про Инженеринг“ ДООЕЛ Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување опасност при градежни работи.

    Првопријавениот, како вработен, а второпријавената, како сопственик и управител на третопријавеното-правно лице, во почетокот на јуни 2018 година, спротивно на  Законот за работните односи, односно без да склучат договор за вработување со С.Д., Д.М. и Ј.Д. сите од Куманово, истите ги ангажирале во третопријавеното правно лице. 

    На 08.06.2018 година во Куманово на улицата „Никола Спасиќ”, при извршување на градежни работи, пријавените не превзеле соодветни мерки за заштита на работниците, при што врз С.Д. паднала бетонска плоча, и од нанесените повреди тој подоцна во текот на денот починал.