×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична за сопственик на аптека незаконски продавал опијати

    22.02.2019 13:43 | KumanovoNews

    Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе две кривични пријави против А.И.(45) од Куманово за сторени продолжени кривични дела - злоупотреба на службена положба и овластување, производство и пуштање во промет штетни средства за лекување и даночно затајување, како и против приватна здравствена установа-аптека за сторени продолжени кривични дела - производство и пуштање во промет штетни средства за лекување и даночно затајување.

    Кривична за сопственик на аптека незаконски продавал опијати

    Имено во период од 18.02.2015 година до 29.12.2015 година, како и од 14.01.2016 година до 24.12.2016 година А.И како сопственик и управител на приватната здравствена установа-аптека во два наврати од друштво за трговија на големо и мало веледрогерија увоз-извоз Куманово, набавил прво 39701 кутии опијатен аналгетик Tramadol во вкупен износ од 2.404.621,оо денари, а потоа уште 78.294 кутија од истиот опијатен аналгетик во вкупен износ од 4.913.652,оо денари, а сето тоа по големопродажна цена за кутија од 57,59 денари по кутија со намера да ги препродадепо многу повисока цена (во малопродажба по цена 83 денари за кутија).

    Притоа, набавените количини воопшто не ги прикажал во материјалното книговодство, ниту во 2015 ниту во 2016 година, не ги внел во книговодствена евиденција а воедно продажбата на наведената количина не ја извршил преку својата аптека, бидејќи знаел дека овој вид опијатен аналгетик се продава задолжително со рецепт издаден од специјалист. Истовремено пријавениот знаел дека наведениот опијатен аналгетик е штетен по здравје на пациентите, бидејќи влијаел на психофизички способности и со негово користење се создава зависност а најчесто е употребуван од зависници на опијати. Инаку, при продажба по малопродајна цена од 83 денари за вкупно 117.995 кутии би се остварил промет од 9.793.585 денари денари или приход од 2.475.312 денари со што би избегнал плаќање на данок од 5% од продадена кутија како и целосно плаќање на данок а на штета на Буџетот на РСМ.