×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривични пријави за бесправна градба и службена злоупотреба

    16.07.2018 13:17 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.М.(44) и Н.М.(78), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени  кривични дела бесправно градење и узурпација на недвижности и В.Л.(64) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

    Кривични пријави за бесправна градба и службена злоупотреба

    Во периодот од 2010 година до 2011 година во Куманово на улицата “Гоце Делчев”, првопријавениот, како инвеститор и второпријавената, како сопственик на недвижен имот, на две парцели во сопственост на второпријавената и парцела во сопственост на РМ, изградиле деловен објект со вкупна површина од 121 м2, без одобрение за градба. При тоа, дел од објектот со површина од 48 м2 бил легализиран, додека за останатиот дел со површина од 73 м2, од страна на градежна инспекција од Општина Куманово, било констатирано дека претставува дивоградба.

    Во периодот од 2011 година се до нејзино разрешување,  третопријавената, како раководител на секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово, и покрај тоа што добила известување од секторот за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина и природата при Општина Куманово дека деловниот објект е бесправно изграден не презела никакви дејствија.