×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривични пријави за двајца вработени во ловечко друштво

    11.06.2019 10:10 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.Ј.(46) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување и С.Д.(67) од село Делисници, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

    Кривични пријави за двајца вработени во ловечко друштво

    На 14.12.2016 година на теренот на Ловечкото друштво „Сокол“ - Куманово, ловочувари ги затекнале Ж.А. од Скопје, Т.Т. и Т.В., двајцата од Куманово, во незаконски лов и им ги одзеле ловните пушки и ги предале на првопријавениoт, вработен во Ловечкотот друштво „Сокол“ Куманово, како одговорен за организација, координација и работа на ловочуварската служба.

    Притоа, првопријавениот на трите лица им посочил дека на жиро сметка на наведеното ловно друштво треба да уплатат вкупно 10.000 денари како донација, за да им ги врати одземените пушки. После тоа, откако ја уплатиле сумата, првопријавениот, спротивно на Законот за ловство, им ги вратил одземените пушки.

    Второпријавениот, како раководител на стручната служба на Ловечкото друштво „Сокол“ Куманово, со неизвршување на своите работни задачи, односно контрола над законско постапување на првопријавениот, овозможил истиот да прибави противправна имотна корист од 10.000 денари за наведеното ловно друштво.

    Со ова, пријавените нанеле штета од 276.750 денари на Буџетот на Република Северна Македонија.