×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривични пријави за несовесно вршење на службата

    16.11.2017 13:27 | KumanovoNews

    Кривична пријава поднесена е против  М.А. (28) од Кратово, Ј.Н. (40) и В.Ј. (47) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

    Кривични пријави за несовесно вршење на службата

    Имено, М.А., вработен како помлад соработник во Министерството за финансии-Подрачна единица-Кратово во првостепена управна постапка, врз основ на поднесена документација од Љ.С., изготвил првично нацрт Решение, а подоцна и Решение за приватизација на градежно земјиште во коешто навел дека барателот имал стекнато право на користење преку приложениот договор за поклон од 66 метри квадратни и дека истите му се приватизираат, и покрај тоа што во договорот за поклон наведените 66 метри квадратни не се наведени.

    Потоа, Ј.Н., во својство на Раководител на сектор во МФ-ПЕ Кратово, без да изврши должен надзор на изготвеното Решение, во коешто било наведено и дека Љ.С. корисничкото право на наведените 66 метри квадратни го добива врз основа на Решение за користење на површина во времетраење од една година, за време на градба во 1991 година без надоместок, и дека истото не може да биде предмет на приватизација, го потпишал и го доставил решението до В.Ј.

    Треторипријавената во својство на Државен правобранител за подрачјето на Куманово, врз основа на нацрт Решението, без да изврши должен надзор, до МФ-ПЕ Кратово, до прво и второпријавениот изготвила и доставила мислење во кое тврди дека нацрт Решението е во согласност со Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште и навела дека е во согласност со Договорот за поклон. Со наведеното кривично дело пријавените сториле штета на Република Македонија во вредност од 61.974 денари.