×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривични пријави за пазарџиите

    24.12.2009 14:18 | KumanovoNews

    На почетокот на месецот во акција на полицијата и УЈП на тезги на Зелен пазар, пријавените се затекнати како продаваат фалсификувана текстилна стока, при што се одземени се 783 парчиња фалсификувана текстилна стока на познати светски брендови.

    Кривични пријави за пазарџиите

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Т.И.(29) С.И.(44), Џ.И.(49), С.И.(40), А.Д.(51), Н.С.(41), Р.С.(31) и Н.И.(28) сите сопственици на тезги на Зелениот пазар во Куманово за сторени кривични дела „неовластена употреба на туѓа фирма“.

    „Се работи за увезена фалсификувана стока од познатите брендови „Најк“, „Пума“, „Адидас“, „Армани“, „Босс“ и  домашни производители - изјавија од  Координативното тело за интелектуална сопственост.

    Акцијата предизвика револт кај продавачите на тезгите и сопствениците на дуќаните. Тие тврдеа дека акцијата е селективна и инспекторите ги спроведуваат законите само врз грбот на најсиромашниот слој на граѓани, додека големите трговци слободно увезуваат и продаваат што сакаат без никакава контрола.

    Нас никој не ни кажал дека стоката не можеме да ја увезуваме. Имаме Царина каде требале да ни ја одземат, а не сега кога ги плативме сите давачки кон државата тогаш останавме на улица - обвинуваат пазарџиите.