×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривични пријави за тројца лихвари од Куманово

    28.02.2019 09:35 | KumanovoNews

    Кумановската полиција до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Д.А.(42), А.М.(36) и А.Л.(62), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело лихварство.

    Кривични пријави за тројца лихвари од Куманово

    Во ноември 2014 година М.А. од А.М. побарал на заем 1500 евра, но А.М. го условил да му плаќа месечна камата во висина од 10 отсто од дадениот износ на заем или 150 евра месечно на име камата, а главниот долг останувал за што склучиле усмен договор. Од ноември 2014 до јули 2018 година М.А. на А.М. редовно му исплаќал по 150 евра или за вкупно 43 месеци му исплатил вкупно 6500 евра, односно второпријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 5000 евра.

    Бидејќи земените пари од А.М. не му стигнале за плаќање на сопствено лекување и за издржување на семејството, М.А. на 05.12.2014 година и од Д.А побарал заем од 2500 евра. Но, Д.А., исто така, побарал месечна камата од 10 отсто од вкупната сума или 250 евра месечно, а главниот долг останувал. Тие склучиле договор кај нотар и навеле дека, доколку оштетениот М.А не му го врати долгот до предвидениот датум 01.02.2015 година, Д.А. да може да спроведе извршна постапка врз целиот движен и недвижен имот на оштетениот. Од декември 2014 до јули 2018 година оштетениот на Д.А. му исплатил вкупно 10750 евра на име на месечна камата, со што Д.А. се стекнал со противправна имотна корист од 8250 евра.

    Исто така, М.А. за да може да ги плаќа каматите на А.М. и Д.А., повторно на 22.08.2016 побарал заем во износ од 140.000,оо денари од А.Л.. Но, и тој го условил да му плаќа меечна камата од 10% од земениот износ или 14.000,оо денари месечно и за заемот да склучат Договор за заем пред Нотар. Тие склучиле договор и од септември 2016 година до јули 2018 година М.А. континуирано му плаќал месечен износ на А.Л. од 14.000,оо денари или вкупно 308.000,оо денари, со  што  тој се стекнал со противправна имотна корист од 168.000,оо денари.

    Имено, од наведените дејствија, пријавените го оштетиле М.А. за вкупна сума од 13.250 евра и 168.000,оо денари.