×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривични пријави за злоупотреби на училишен превоз

    11.05.2019 10:54 | KumanovoNews

     Кумановската полиција до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против десет лица од Куманово - М.Ј.(60), М.С.(59), Г.Д.(41), Ж.М.(50), В.С.(54), С.С.(47), Д.С.(39), М.Д.(36), Л.Л.(62), Г.Д.(52), потоа против три лица од Скопје и едно лице од село Режановце кумановско - Ј.П. (52), Ѓ.В. (52), М.К. (45) и И.Т. (43), како и против четири правни лица (фирми), две од Скопје и две од Куманово, заради постоење основано сомнение дека сториле повеќе кривични дела.


    Кривични пријави за злоупотреби на училишен превоз

    Според МВР,  пријавените се сомничат дека во периодот од 2011 до 2017 година ги сториле кривичните дела: злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување, употреба на исправа со невистинита содржина, злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, фалсификување исправа  и помагање.

    „Со ваквите дејствија го оштетителе буџетот на државата за износ од 39.815.609 денари или за нешто над 600.000 евра“, - соопштуваа од МВР.

    Според документираните сознанија од истрагата во периодот од 2011 година до декември 2017 година, пријавените со намера да се оствари противправна имотна корист на штета на буџетските сретства на Р.С. Македонија, обезбедени преку Министерството за образование и наука, а како блок дотации доделени за превоз на ученици за три основни училишта во општината Старо Нагоричане, организирале група од вработени во општината, директори на основните училишта и превозник од Куманово при што ја злоупотребувале постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, изготвиле фалсификивани договори и на тој начин овозможиле правните лица да ги исполнат условите предвидени во тендерската документација.

    По ова, при користење на возилата за превоз на ученици за други намени, ги игнорирале претходно склучените договори за превоз, одобрувале и потпишувале фактури за извршени превозни услуги поединечно за секој месец со непрецизирани податоци без наведени релации, без број на ученици со многу повисоки фактурирани цени од договорените.

    Со ваквите дејствија и со признавањето на  фактурите со невистинита содржина, пријавените го оштетиле буџетот на РСМ за износ од 39.815.609 денари.