×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Крсте Мисирков“ го прослави 70 годишниот јубилеј

    20.11.2018 08:06 | KumanovoNews

    Основното училиште „Крсте Мисирков“ – Куманово го одбележа патрониот празник и 70 годишниот јубилеј. По тој повод  беа организирани низа манифестации, реализирани во тек на месецот октомври и ноември.

    „Крсте Мисирков“ го прослави 70 годишниот јубилеј

    Завршната манифестација се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, со свечена приредба, на која учествуваа 252 ученици од одделенската и предметната настава. Учениците на еден интересен начин, го прикажаа секојдневниот училишен живот, по скоро сите наставни предмети.

    „Сакам во мое лично име и во име на вработените, да искажам јавна благодараност на учениците и наставниците кои се вклучија во одбележување на 70 годишниот јубилеј. Исто така сакам да се заблагодарам и на родителите на нашите ученици, кои дадоа несебична поддршка и помош во организацијата на прославата. Сите заедно направивме нешто несекојдневно за што ќе се зборува уште многу време“, - изјави директорот Александар Јовановиќ.

    Предходно беа организирани повеќе училишни и меѓуучилишни натпревари, а на најуспешните им беа доделени дипломи и благодарници. Прославата на денот на училиштето започна со положување на цвеќе пред бистата на патронот „Крсте Мисирков“, во присуство на голем број на претставници од Општина Куманово, јавните претпиријатија, основни и средни училишта, претставници од СВР Куманово и многу други.

    Потоа беше проследена фото и ликовна галерија во холот на училиштето. Во малата сала на училиштето беше организирана Свечена академија во чест на 70 годишниот јубилеј, на која беше прикажан кратакометражен документарен филм за историскиот развој на училиштето. Потоа беа доделени благодарници за наставниците кои заминаа во пензија и наставниците кои наполнија 15 години работен стаж оваа година, за посебен придонес и афирмација на училиштето. На Свечената Академија присутните можеа да уживаат во претставата организирана од учениците од осмо одделение и нивниот ментор по македонски јазик и литература.