×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Крвава пресметка во Куманово: Избоден маж во својот стан

    03.09.2018 14:13 | KumanovoNews

    Двајца кумановци се здобиле со сериозни повреди, откако биле повредени во текот на вчерашниот ден.

    Крвава пресметка во Куманово: Избоден маж во својот стан

    Според полицијата, инцидентот се случил синоќа, околу 21,45 часот на улицата „Доне Божинов“, во станот на Н.Д. (40).

    Додека домаќинот седел со М.С.(47) и Љ.М.(43) по кратка расправија, Љ.М. најпрво го удрил М.С. со чаша во пределот на главата, а потоа со остар предмет му нанел две убодни рани на Н.Д. во пределот на градите, по што го напуштил местото на настанот.

    Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово, a потоа препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

    Кај М.С. констатирана е телесна повреда и по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.

     Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.