×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • КУД „Панче Пешев“ се врати од турнејата во Франција

    20.07.2018 10:25 | KumanovoNews

    КУД „Панче Пешев“ петнаесет дена престојуваше на турнеја во Франција.

    КУД „Панче Пешев“ се врати од турнејата во Франција

     Притоа настапи во Париз, а гостуваше и нa Меѓунaродниот фолклорен фестивал во градот Аленсон. 

    „На 7. и 8. јули друштвото беше гостин на Македонската црковна заедница „Кирил и Методиј“ во Париз на покана на македонското национално малцинство. Беше изведена дел од богата културно уметничка програма на друштвото, а на крајот следуваше заедничко дружење испреплетено со македонската песни и игра со звуците на кавалот, гајдата, зурлата и тапанот. Потоа заминавме во Аленсон каде настапивме на Меѓународниот фолклорен фестивал, со македонскиот но и кумановскиот фолклор и традиција пред тамошната публика. Учествуваа и друштва од Мексико, Колумбија, Узбекистан, Полска, како и друштва од Франција и градот домаќин Аленсон. Друштвото беше за прв пат на овој фестивал кој е во рамките на CIOFF Франција“, - изјави Мирче Крстевски, претседател на друштвото.

    Членовите на друштвото освен убавините на Париз и Франција имаа можност да ги посетат и градовите Венеција, Кан, Ница, Монако и Монте Карло.

    На крајот на месецот КУД “Панче Пешев“ гостува на Меѓународниот фолклорен фестивал „Илинденски денови“ во Битола.