×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • КУД „Панче Пешев“ со повеќе настапи во земјава и странство

    22.06.2018 06:31 | KumanovoNews

     Играорците од КУД „Панче Пешев“ во текот на летото ќе настапат на повеќе фестивали во земјава и странство.

    КУД „Панче Пешев“ со повеќе настапи во земјава и странство

     Сезоната ќе ја отворат со гостување на Меѓународен фолклорен фестивал во Косовска Митровица, кој ќе се одржи од денеска до понеделник. Друштвото таму гостува неколку години по ред и го претставува македонскиот фолклор и традиција.

    - На 29. јуни на градскиот плоштад во Куманово во соработка со градоначалникот и Советот на Општина Куманово организираме Меѓународната смотра на фолклорни ансамбли. На смотрата ќе земат учество 10 ансамбли од Македонија и соседните земји. На 30. јуни играорците ќе настапат и во Општина Старо Нагоричане, под покровителство на градоначалникот и Советот на Старо Нагоричане, - изјави претседателот на КУД „Панче Пешев“ Мирослав Крстевски.

    Активностите продолжуваат на почетокот на јули со посета на Македонската црковна заедница „Кирил и Методиј“ во Париз и гостувањето на Меѓународниот фолклорен фестивал во Аленсон во Франција, а на крајот на месецот следува настап на Меѓународниот Фестивал „Илинденски денови“ во Битола.