500x100-1
02. 05. 2010 11:02

Кумановци ги запоседнаа излетничките места

Кумановци ги запоседнаа излетничките места

Најголем број кумановци Први мај го прославија во селата Пелинце и Скачковце и на Студена Вода и ."Првомајскиот пикник" организиран од невладините организации и на Синдикатот беше масовно посетен од граѓаните, бидејќи покрај организираниот превоз за посетителите имаше и ручек.

Прославата беше збогатена со културно уметничка програма на која настапија културо-уметничките друштва од градот и гости од Штип и од други градови од Македонија. Се одржаа и натпреварувањата во познатите кумановски игри.

-Ова е убав начин да се прослави празникот.Насегаде се гледа расположението и задоволството на граѓаните од оваа општонародна веселба-рече еден посетител.

Спортско-рекреативниот центар "Пелинце" традиционално беше најпосетен, а голем број на гости имаше и во манастирот "Света Троица" во селото Скачковце.

Повеќето луѓе денаска се слободни и го поминуваат денот на излет. Драго ми е што одлучиле и одбрале да го постетат токму  нашиот манастир.Задоволство ми е што имаме толкав број посетители поготово што поголемиот дел се од другите градови на Македонија.Конаците во манастирот се максимално исполнети за целиот викенд -рече прота Стојан Пајковски.

Кумановци ги запоседнаа излетничките места