Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Законот за заштита од пушење кој стапи на сила на 1- ви јануари, доследно го почитуваат угостителите и пушачите во Куманово. Доколку до пред неколку дена во угостителски објекти не можеше да се дише од чад од вчера сликата е поинаква.
Во кафулињата и рестораните отстранети се пепелниците, а на влезовите и масите се истакнати знаци за забрането пушење. Пушачите својата потреба ја задоволуваа пред рестораните и кафулињата.
Изненадени сме колку Кумановчани го почитуваат законот. Дури и за новогодишната ноќ повеќето од нив излегуваа надвор за да испушат цигара. Тие се совесни и помагаат во примената, но на нас ни опаѓа работата бидејќи има луѓе кои не сакаат да пијат кафе без цигара - изјави еден сопственик на кафуле.
Пушачите за непочитување на законот ќе добијат казна од 150 до 300 евра,а угостителите и сопственици на фирмите од 2.500 до 4.500 евра. За одговорните лица следува казна од 100 до 300 евра. За угостителите една од казните е затворање на објектот во траење од 30 дена.
Оваа забрана важи за сите кафеани, ноќни барови, кафе-барови, диско-клубови, но освен во затворените простори цигара не смее да се запали и на терасите, шанковите, летни бавчи како и на спортските културните и музичките манифестации.
И.И.