×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци сакаат да читаат, но и да купуваат книги

    16.07.2018 06:44 | KumanovoNews

    Над 250 книги купиле граѓаните на Куманово за 5 дена, минатата недела, на мини саемот за книги, кој го организираше издавачката куќа „Три“, на платото пред Градската библиотека.

    Кумановци сакаат да читаат, но и да купуваат книги

    Дневно се продавале по 50 книги во просек, најмногу домашни автори, но и странска белетристика.

    „Пријатно сме изненадени од кумановци, бидејќи не очекувавме дека ќе има толку голем интерес. Најмногу се продаваа македонските автори: Винка Саздова, Венко Андоновски, Владимир Ристевски, Стефан Марковски, потоа трилогиите од Стил Ларсон, Орхан Памук, потоа мотавициските книги од типот свој психотерапевт, психолошките книги и др.,“ - изјави Сара Божиновска, која работеше на штандот.

    Организаторот на саемот е градската библиотека „Тане Георгиевски“. Директорот Марјан Петковски, вели дека Куманово има сериозна читателска публика, и ваквите настани секогаш имаат голема посетеност. Затоа до крајот на летото ќе направат уште неколку продажни манифестации, а за есен се планира и голем саем на книгата.

    „Веќе имавме договорено со Македонска асоцијација на издавачи, во која членуваа 12 издавачки куќи, да организираме еден поголем саем на книга на отворено, на Градскиот плоштад, но за жал времето ни ги расипа плановите. Овој настан ќе го поместиме во септември, кога учениците ќе тргнат на училиште. Планирано е саемот да биде дводневен или тродневен, со поголем избор на издавачки куќи, за да граѓаните имаат можност да си купат книга по промотивни цени“, - изјави Петковски.  

    Во овој период од годината во Градската библиотека намалена е фреквенцијата на ученици, додека останатите читатели редовно ги посетуваат.