×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци се поклонија пред споменикот на Тито

    04.05.2018 19:30 | KumanovoNews

    Делегација од Здружението на воени и полициски ветерани и група граѓани подржувачи на ликот и делото на Јосип Броз-Тито, денеска се поклонија и положија цвеќе на спомен плочата на Грaдскиот плоштад.

    Кумановци се поклонија пред споменикот на Тито

      Денеска се навршуваат 38 години од смртта на претседателот на СФРЈ. Пред присутните се обрати полковник во пензија, Томислав Стојковски, кој им порача на младите генерации да не го заборават делото на големиот во водач.

    „Со задоволство се сеќаваме на моментите кога нашата генерација и генерциите пред нас и по нас живееа во тоа време. Затоа сме должни да го почитуваме датумот на неговата смрт, да го одбележуваме, и да не го заборавиме. Македонија како држава, која ги доби своите атрибути во време на неговото раководство, благодарна е што доби  јазик, образование, нација, работниците ги уживаа сите права, за кои се бори и ова општество“ - изјави полковникот Стојковски.

    Ветераните ги почитуваат и делото на Гоце Делчев и положија цвеќе пред бистата во Кумановската гимназија.