×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец доби автомобил на наградна игра

    24.08.2010 14:28 | KumanovoNews

    Ѓокица Стефановски (25) од Куманово е добитникот на автомобилот „киа пиканто“ во наградната игра на трговскиот центар „Сума“. Наградната игра траела два месеци, а во неа учествувале сите граѓани кои купувале во продавниците на комплексот.

    Кумановец доби автомобил на наградна игра

    Често пазарев во „Сума“, но талончето со кое купив клима уред од продавницата на  „Нептун“ вредна над 18000 денари ми донесе среќа. Презадоволен сум и се ми изгледа неверојатно, но многу ми е драго што „киа пикантото“ е веќе мое - вели среќниот добитник.

    Во тек е преносот на возилото и Стефановски е во исчекување на табличките, по што ќе го вози новиот автомобил.