×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец доби iPhone 8 на наградна игра на ЕВН

    10.11.2018 07:14 | KumanovoNews

    Александар Цониќ од Куманово, е еден од тројцата среќни добитници што добија телефони iPhone 8 на наградната игра на ЕВН за промоција на е-фактура.

    Кумановец доби iPhone 8 на наградна игра на ЕВН

    Награди добија и Надица Стојанова од Штип, Стојанче Стамчевски од Скопје, кои се дел од илјадниците корисници кои од 24 септември до 31 октомври за прв пат се пријавија за добивање на електронска фактура преку страницата www.evnonline.mk, но имаа најмногу среќа во оваа наградна игра.

    Извлекувањето на добитниците се одржа во просториите на ММС Комуникации Македонија, преку специјално креиран софтвер кој по случаен избор ги извлече тројцата победници. За следење на процесот беше формирана и комисија составена од три члена. Добитниците на iPhone 8 се објавени на evnonline.mk.

    Наградната игра се организираше во рамки на сеопфатната промоција на онлајн услугите на ЕВН. Оваа промоција го зголеми интересот кај корисниците да ги користат поволностите кои ги нуди услугата е-фактура, а тоа е навремено и безбедно добивање на сметките за потрошена електрична енергија и избегнување на чекање на ред на шалтери. ЕВН и понатаму останува посветена на креирање на услуги за олеснето добивање и плаќање на сметките за потрошена електрична енергија.