×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец фалсификувал документи за купопродажба на мотор

    27.04.2019 13:49 | KumanovoNews

     Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.Т.(42), Ф.К.(25) и З.К.(59), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено по едно кривично дело фалсификување исправа.

    Кумановец фалсификувал документи за купопродажба на мотор

    На почеток на 2015 година, пријавените изготвиле фалсификуван купопродажен договор на бугарски јазик за мотоцикл „Suzuki Intruder“, по што на 30.06.2015 година второпријавениот извршил заверка на ваквиот фалсификуван договор заедно со превод на македонски јазик од овластен судски преведувач. По ова, првопријавениот договорот го употребил како вистински во постапката за царинење пред Царинската управа во Куманово и постапката за идентификација на мотоциклот пред Министерството за економија, односно Бирото за метрологија, по што документите биле употребени и во прилог на барањето за единечно одобрување на возило доставено до АМ Церт ДООЕЛ Скопје.

    На 07.07.2015 година првопријавениот, ваквата документација со невистинита содржина ја доставил како доказ во прилог на барањето за регистрација, по што врз основа на истата била извршена регистрација на мотоциклот. По ова, на 29.02.2016 година првопријавениот склучил фиктивен договор за негова купопродажба на третопријавениот, по што, откако го завериле кај нотар, бил употребен во постапката за регистрација и пренос на сопственоста.